Search

Германија размислува за построги мерки, можна е и задолжителна вакцинација

Гeрманија наскоро би можела да воведе построги мерки, а во тек се и преговори за задолжителна вакцинација против коронавирусот.

Канцеларката во заминување, Ангела Меркел и нејзиниот веројатен наследник, Олаф Шолц, денеска ќе одржат состанок со регионалните лидери, а се очекува да се воведат построги мерки за невакцинираните и да се ограничат собирите.

Меѓу мерките кои се споменуваат е и проширување на примената на правилото 2Г (пристап за вакцинирани и опоравени од Ковид-19) и на продавниците, како и ограничување на големите собири. Исто така, можно е да се затворат кафулиња, рестораните и ноќните клубови.

Дополнително, покрај актуелната обврска за вакцинација во одредени институции, наскоро би можела да се воведе и општа обврска за вакцинација. Доколку се постигне договор, тој ќе треба да биде одобрен од Парламентот.

Идниот германски канцелар Олаф Шолц (СПД) најави дека постапката за носење закон за воведување општа обврска за вакцинација може да започне до крајот на годинава. Како што рече, пратениците ќе бидат ослободени од партискоте стеги и ќе треба да гласаат по сопствено убедување. Овој начин на изјасување во Бундестагот се применува за етички чувствителни прашања.

Германија вчера забележа 446 смртни случаи како последица на корона, што е најголем број во последните девет месеци. Во последните 24 часа има 73.209 нови случаи.

Треба да знаете
Последни објави