Search

Германија претстави проект за европска мрежа на супербрзи железнички линии

Германскиот министер за транспорт, Андреас Шеуер, во Берлин го претстави планот за мрежа на супербрзи железнички линии меѓу европските градови, чие основање треба да биде финансиски поддржано од Европската унија.

Шеуер всушност  го оживува „Транс-Јуроп-Експрес”, предлагајќи со комбинација на супербрзи и ноќни возови повторно да ја отвори железничката врска меѓу поголемите градови во Западна Европа, затворена во 1987 година, пишува весникот „Дие Цајт”.

Во првата фаза „Транс-Јуропп-Експрес” (ТЕЕ) ќе ги поврзе Берлин и Барселона, преку Лион, со проценето време на патување од 13 часа. Мрежата би вклучувала и директни врски помеѓу Амстердам и Рим и меѓу Париз и Варшава.

Првата фаза од планот нема да бара значителни подобрувања во железничката инфраструктура.

-Втората фаза ќе ја поврзе јужна Германија со дестинациите во Источна и Јужна Европа и со скандинавските градови и ќе вклучува завршување на големите железнички проекти, рече германскиот министер.

Тој ги наведе примерите за проектот за изградба на железничкиот јазол „Штутгарт 21″, изградбата на тунелот под Балтичко Море што ќе ги поврзува Германија и Данска и тунелот „База Бренер” на Алпите, на австриско-италијанската граница.

-Нашиот концепт ќе ја формира основата врз која компаниите со брзи и ноќни возови ќе можат да воспостават привлечни врски, рече Шеуер пред разговорите со европските колеги за новиот план.

Мрежата треба да биде воспоставена до 2025 година, а германскиот министер и предлага на Европската унија да креира програми за финансирање за да им се олесни инвестициите и набавките на железничките компании.

Треба да знаете
Последни објави