Search

Германија потврди дека вработена во амбасадата во Бејрут загинала во експлозијата

Министерот за надворешни работи на Германија потврди дека вработена во Германската амбасада во Бејрут загинала во силната експлозија што го уништи либанскиот главен град претходно неделава, пренесува „Брејтбарт“.

Хајко Маас во изјавата вели дека жената починала како резултат на последиците од експлозијата во нејзиниот стан. Тој им изрази сочувство на вработените во амбасадата.

Во експлозијата е оштетена и зградата на амбасадата.

Експлозијата во вторникот најверојатно е предизвикана од ненамерен пожар што запалил 2.700 тони амониум нитрат во хангат во пристаништето во Бејрут. Во експлозијата загинаа најмалку 135 лица, повредени се повеќе 5.000 и предизвикана е огромна материјална штета.

Треба да знаете
Последни објави