Search

Германија подготвува испорака на стотици генератори во Украина

 Германија подготвува испорака на стотици генератори за Украина, откако украинската енергетска инфраструктура претрпе големи штети како резултат на руските напади во последните недели, јави ДПА.

Федералната агенција за техничка помош денеска соопшти дека досега испорачала речиси 150 генератори, а уште 320 се подготвуваат за испорака.

Дел од сосема новата опрема е испратена директно до украинската компанија „Укренерго” за да се стабилизира снабдувањето со електрична енергија, соопшти агенцијата.

На овој начин, енергетската компанија може да обезбеди привремено напојување за важни локации.

Се планира да се испорачаат повеќе генератори во регионите Одеса, Миколаев и Херсон. Дел од опремата е погодна за товарење на приколки за автомобили и може да се користи на флексибилен начин.

Треба да знаете
Последни објави