Search

Германија отвори истрага против „Амазон“ за нарушување на германскиот онлајн пазар

Германските антимонополски власти отвориле истрага против компанијата „Амазон“ за да утврдат дали ја нарушува фер конкуренцијата на германскиот онлајн пазар.

„Поради бројните жалби што ги добивме, ќе истражуваме дали Амазон ја злоупотребува својата позиција на пазарот, на сметка на трговците активни на неговата платформа“, рече претседателот на германската Федерална асоцијација за борба против картелското здружување, Анреас Мунт, а пренесе „Си-ен-би-си“.

„Двојната улога, на најголем трговец и најголемата платформа за тргување, значи дека постои можност да им прави пречки на другите трговци на платформата“, додаде тој.

Сојузната канцеларија исто така наведе и листа на нелегални деловни практики што „Амазон“ наводно ги применува, како што е привремено запирање на испраќањето на уплати, блокирање на трговските сметки без објаснување и користење на информации за трговците.

Треба да знаете
Последни објави