Search

Германија најверојатно ќе забрани протести пред Бундестагот

Германските власти размислуваат да ги забранат овонеделните протести пред сојузниот Парламент на противниците на воведување на карантин поради пандемијата со Ковид-19, стравувајќи оти собирите би можеле да бидат насилни.

Берлинската полиција очекува напад врз зградата на Бундестагот, ако се организираат протести.

Германските парламентарци предвидено е утре да гласаат за законот што ќе пружи правна основа за воведените мерки за физичка дистанца, носење на заштитни маски и затворање на продавниците. Поголемиот број од Германците ги поддржуваат мерките, но мал број граѓани протестираат, тврдејќи дека ограничувањата се неуставни.

Собири ќе бидат дозволени вон безбедносниот периметар околу Бундестагот.

Треба да знаете
Последни објави