Search

Германија најави дека ќе прифати 60 мигранти од Малта

Германија ќе прифати 60 мигранти кои се наоѓаат на Малта или треба да пристигнат во рамките на договорот за ублажување на последното спорење околу спасувачките бродови во Средоземното Море.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Стеве Алтер денеска изјави дека обидите членките на ЕУ да ги поделат 249-те мигранти кои ги спасиле малтешки воени бродови, плус 49 кои се наоѓаат на приватни спасувачки бродови – е „ад хок одлука во моментална ситуација”. Тој исто така рече дека Германија планира да создаде „долгорочен и одржлив механизам”.

Алтер рече дека осум земји моментално покажале подготвеност да ги прифатат мигрантите, но оти во тек се разговори со уште поголем број земји.

Според договорот кој го објави премиерот на Малта Џозеф Мускат, европски држави,  вклучувајќи ја и Италија, ќе ги примат 49-те мигранти кои уште од декември се наоѓаат на приватни спасувачки бродови, откако тие прво ќе пристигнат на Малта. Покрај тоа, тие ќе примат и поголем број од 249 бегалци кои веќе се наоѓаат на Малта.

Италијанскиот заменик – премијер Матео Салвини остро го отфрли договорот за спасените мигранти за кој посредуваше Европската унија, и рече дека тоа ќе ги охрабри трговците со луѓе.

Треба да знаете
Последни објави