Search

Германија/Ковид-19: Четврти ден по ред намален број заразени

Во Германија, во изминатите 24 часа, потврдените случаи на заразени со новиот коронавирус се зголемени за 3.677 и до денеска има вкупно 95 391.

Новите случаи за вчерашниот ден беа 5.936. Тоа укажува дека веќе четврти ден по ред има намалување на новите случаи регистрирани во еден ден. Тоа се податоците од Институтот „Роберт Кох” за заразни болести.

Смртните случаи се зголемија за 92 на 1.434.

Треба да знаете
Последни објави