Search

Германија исплатила 53 милиони евра поради доцнење на возовите

Германската железница (ДБ) за цела измината година им исплатила вкупно 53,6 милиони евра отштета поради доцнења на возовите. Своето право на жалба го искористиле 2,7 милиони патници.

Тоа е за една третина повеќе во споредба со претходните две години, а причината е што секој четврти воз на меѓународните линии доцнел.

Како причини за толкавиот број доцнења, ДБ ги посочи „бројните надворешни влијанија”, пред сѐ временските услови.

Треба да знаете
Последни објави