Search

Германија им воведува посебен данок на „Гугл“ и „Фејсбук“

Германското министерство за финансии размислува да воведе посебен данок на приходи од огласување на интернет, кој странските компании како „Гугл“ и „Фајсбук“ го собираат од германските фирми, информираат германските медиуми.

Министерството би вовело данок од 15 отсто на приходите од огласување на интернет, а како модел би послужило оданочувањето на надоместот за лиценца, пишува деловниот неделник „Wirtschaftswoche“.

Тоа би значело дека германските компании кои одлучиле да огласуваат на интернет, ќе плаќаат данок по одбивање. Потоа би бараче поврат на тие пари од интернетски компании, кои уплаќаат приходи за објава на огласи, се наведува во извештајот.

Заобиколен пат преку германските фирми би бил нужен, бидејќи германскиот даночен систем нема пристап до платформата на операторите во странство. Планот е во тек, додава весникот.

Министерството за финансии потврди дека ја разгледуваат можноста за воведување на посебен данок, но велат дека не е постигната согласност меѓу сојузните власти и одделни земји.

Треба да знаете
Последни објави