Search

Германија започнува со директна исплата на самовработените и малите компании

Германските сојузни држави од денеска почнуваат да префрлаат пари на сметките на малите компании, самовработените, хонорарците и земјоделци, копи се тешко погодени од  кризата со коронавирусот.

Владата во Берлин и сојузните покраини постигнаа договор со кој ќе овозможат финансиски субвенции за лица без редовна работа и малите компании.

Договорот го потврдија министерствата за економија и за финансии и со него ќе им се овозможи на сојузните поктраини пристап до фондот во вредност од 50 милијарди евра.

Програмата за државна помош има за цел да им помогне на групите на кои им е тешко да позајмуваат пари и не се опфатени со мерки за финансиска сигурност.

Компаниите што вработуваат до пет работници ќе добијат 9.000 евра за да ја задржат состојбата на компанијата во наредните три месеци, а компаниите со максимум десет работници ќе добијат по 15.000 евра.

За да се квалификуваат за помош, компаниите ќе треба да докажат дека биле финансиски здрави пред кризата.

„Како и за малите бизниси, хонорарците и самовработените така и  потребите на многу земјоделци во моментов се големи”, истакна министерот за економија, Питер Алтмајер и потврди дека парите од фондот ќе бидат достапни и за земјоделците.

Треба да знаете
Последни објави