Search

Германија забрани радикално десничарски собир на Комбат 18

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Сехофер (Кристијанско-социјалната унија ЦСУ) денеска го забрани радикално десничарскиот собир на Комбат 18, откако претходно беше извршен претерес во повеќе објекти на организацијата.

– Денешната забрана е јасна порака – во нашето општество нема место за екстремната десница и антисемитизмот, истакна Сехофер.

Во образложението за забраната се наведува дека организацијата Комбат 18 е „блиска до националсоцијалистичката идеологија” и оти со насилни средства се бори против уставноправниот поредок на Германија. Додека бројот 18 ги означува првата и  осмата буква во германската азбука А и Х односно иницијалите на Адолф Хитлер.

Комбат 18 се смета и за вооружено крило на забранетата организација Крв и чест.

Стефан Е. осомничен за минатогодишното убиство на демохристијанскиот политичар Валтер Луебке, кој се залагаше за заштита на бегалците, исто така беше поврзан со Комбат 18.

Треба да знаете
Последни објави