Search

Германија доби удел од 20 проценти во „Луфтханза“

„Луфтханза“ е близу до постигнување договор со германската влада за државна помош од 9 милијарди евра (9,9 милијарди долари), според кој државата би се здобила со 20 проценти удел во најголемата национална авиокомпанија, во обид да ја спаси авиоиндустријата од последиците од корона-кризата.

Германската авиокомпанија денеска соопшти дека, според договорот, владата ќе добие две места во надзорниот одбор, но со право на глас само во исклучителни околности, како на пример, спречување на преземање на компанијата, пренесува „Ројтерс“.

Авиокомпанијата се надева дека договорот ќе биде склучен брзо, што ќе обезбеди негова солвентност на долг рок.

Германските медиуми доцна синоќа објавија дека договорот е постигнат, а канцеларката Ангела Меркел изјави дека наскоро очекува договор за пакет помош на „Луфтханза“, но не кажа детали.

Треба да знаете
Последни објави