Search

Германија ги засили контролите на границите

Германската полиција соопшти дкеа ги обновува проверки на граничните пунктови и дека лица на кои им е забрането повторно да влезат во земјата ќе бидат вратени на сите внатрешни германски граници.

Тоа ќе се случи без оглед на какви било нови апликации за статус на заштита во Германија.

Во иднина, планираните инспекции почесто ќе бидат насочени кон внатрешните граници на земјата, земајќи ги предвид патиштата што ги користат илегалните имигранти.

Проверките ќе се вршат случајно на сите германски гранични премини.

Проверки вчера беа извршени на германско-полската граница, на граничниот пункт во градот Горлиц, во провинцијата Саксонија.

Треба да знаете
Последни објави