Search

Германец, Словенец и Босанец казнети во Хрватска, возеле над 235 километри на час

Сообраќајната полиција во Хрватска казни тројца странски државјани кои на автопат се движеле со брзина од 245, 242 и 236 километри на час.

За време на редовна контрола, полициските службеници ги привеле тројцата државјани на Германија, Словенија и БиХ, пренесе хрватскиот „Т портал“.

Возачите добиле казна од околу 740 евра и забрана за користење на возачката дозвола на територијата на Хрватска, во траење од еден месец.

Треба да знаете
Последни објави