Search

Германец пронајден починат во куќа во демиркапиското село Чифлик

Германец на возраст од 68 години бил пронајден мртов, вчера во куќа во демиркапиското село Чифлик, информираше МВР.

Според полицијата, Е.Ј.(68) од Р Германија бил пронајден починат без траги од насилство во куќата во која престојувал.

-Извршен е увид на местото на настанот од полициски службеници од ПС Неготино. По наредба  на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, соопшти попладнево Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Треба да знаете
Последни објави