Search

Германецот уапсен за протекување информации бил бесен на политичарите

Притворениот 20-годишен Германец поради кражба на податоци од големи размери им рекол на истражителите дека дејствувал самостојно и оти бил бесен поради изјавите на политичарите, новинарите и други јавни личности, чии податоци ги открил, соопшти денеска германската Канцеларија на федералната криминалистичка полиција (БКА).

Германската јавност во петокот беше погодена со информацијата дека бројни приватни телефони, фотографии и пораки на политичари и јавни личности се објавени на интернет преку Твитер налог.

Огромното количество податоци што беше објавено на интеренет се однесува на приватна коресподенција на стотици политичари на сите нивоа, но и некои јавни личност и и новинари.
„За време на испитувањето, обвинетиот изјави дека дејствувал самостојно при шпионирањето податоци и неовластено објавување податоци”, се наведува во соопштението од БКА.
Осомничениот рекол дека не бил свесен за размерот на последиците од сопствените постапки.
БКА извршила претрес на станот на осомничениот 20-годишник од покраината Хесен, но не се соопштени дополнителни информации.

Дојче веле наведува дека меѓу речиси 1.000 лица погодени од нападот се и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, канцеларката Ангела меркел, новата претседателка на Христијанско-демократската унија Анегрет Крамп-Каренбауер и шефицата на Социјалдемократската партија на Германија Андреа Алес. Медиумите наведуваат дека се објавени податоци на пратеници од сите партии, освен ултрадесничарската Алтернатива за Германија.

Треба да знаете
Последни објави