Search

Германецот Петер Баер избран за известувач на ПССЕ за Косово

Комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ)  го избра пратеникот во Бундестагот Питер Баер за известувач за ситуацијата во Косово.

ПССЕ објави на Твитер дека Баер е избран за известувач за ситуацијата во Косово и му честиташе.

Во соопштението за медиумите за назначувањето на Баер, Советот на Европа посочи дека Косово се споменува во целосна согласност со Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244 и без прејудицирање на статусот.

Баер, известувач за Западен Балкан во германскиот парламент, на 3 септември во Приштина изјави дека Берлин се спротивставува на промена на границите како дел од дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија и ги повика петте членки на ЕУ кои не го признаваат Косово тоа да го направат.

На крајот на април, пред состанокот на српските и косовските лидери во Берлин, Баер предупреди дека европските перспективи на Србија и на Косово ќе бидат ставени ад акта доколку учесниците на таа средба не покажат силна волја за напредок во процесот за нормализација на односите.

Треба да знаете
Последни објави