Search

Гери Пејтон сака да биде тренер во НБА

Носителот на шампионскиот прстен од 2006 година во НБА, со Мајами, Гери Пејтон изјави дека би сакал да добие тренерска позиција во најсилната кошаркарска лига.

-Многу млади НБА играчи се борат да го достигнат својот вистински потенцијал. Би сакал да се приклучам на НБА, каде што можам да им помогнам на тренерите, менторите и да ги водам играчите. Можам да ги научам на напорна работа, фокус и решителност што им треба да бидат доверлив фактор за успех на тимот, изјави Пејтон за „Yahoo Sports”.

Педесет и двегодишниот Пејтон сега е тв експерт за кошарка и е амбасадор во НБА.

Треба да знаете
Последни објави