Search

Герет Бејл ќе дебитира за Тотенхем против Шкендија

Тотенхем идниот четврток и гостува на Шкендија во третото квалификациско коло за Лигата на Европа, а тренерот Жозе Мурињо, ќе има супер засилување за овој натпревар.

На огромно задоволство на Мурињо и на навивачите на Тотенхем, Герет Бејл се согласи да потпише договор со тимот во Северен Лондон и неговото деби се очекува да биде токму на натпреварот против Шкендија.

Бејл се согласил да се врати во Тотенхем од каде во 2013 година премина во Реал Мадрид, откако вчера одигра партија голф со претседателот Даниел Леви.

Бејл сигурно нема да настапи за Тотенхем на неделниот натпревар од Премиер лигата против Тотенхем, но сигурно ќе биде во конкуренција за настап против Шкендија.
За очекавање е Мурињо да му даде можност да Белј да заигра во финишот од натпреварот бидејќи има проблеми со кондицијата.

Освен Бејл, за Тотенхем во Скопје се очекува да дебитира уште еден нов фудбалер кој доаѓа исто така од Реал Мадрид, бекот Регулион. Понудата на англискиот тим од речиси 30 милиони евра е прифатена и иако бекот сакаше да заигра за Севиља, викендов се очекува да ги помине лекарските прегледи и да биде претставен како ново засилување за Тотенхем.

Треба да знаете
Последни објави