Search

Герговска: Лицата за интервентни ситуации да бидат на готовос

Судењето за „Крвавиот четврток“ продолжува со репродуцирање на смс и фејсбук пораки од одземениот и вештачен телефон на Сашко Коцевски, вработен во Собранието, воедно и сведок во процесот за случувањата од 27 април минатата година.

Во еден од разговорите кои ги презентираше обвинителката Ивана Трајчева, помеѓу Весна Герговска и Коцевски, Герговска на 27 април во 14.10 часот му пишува порака „Ве молам, лицата за интервентни ситуации и сите други што можете, известете ги, да бидат на готовс во секој момент, ќе дадеме насоки, ве молам за сериозност“.

Претходно, истиот ден во 13.14 часот, Герговска го известува сведокот членовите да се соберат пред Музејот на ВМРО во 16.40. Оваа порака за собирање на членството во 16.40 часот пред Музејот на ВМРО, Герговска речиси секој ден му ја испраќа на Сашко Коцевски, уште од 13 март 2017 година, при што повикува за се поголема излезеност и повик на членството од месните комитети и администрацијата.

Од пораките може да се забележи дека секојдневно било повикувано членството на ВМРО-ДПМНЕ масовно да излезе на протестите „За заедничка Македонија“, иако во тој период организаторите на протестите велеа дека тие не се партиски и дека немаат врска со ВМРО-ДПМНЕ, туку дека се работи за изреволтирани граѓани од ,,тиранската платформа”.

Треба да знаете
Последни објави