Search

Герасимовски: Нова систематизација на инспекторската служба и двојно повеќе инспектори во Центар

Двојно повеќе инспектори и целосна систематизација на инспекторската служба уште во првата година од мандатот, најави Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата.

„Ветувам двојно повеќе инспектори, силна и независна инспекциска служба со засилени контроли за доследно спроведување на законите и санкционирање на прекршувањата уште во првата година од мандатот. Само така ќе ја вратиме довербата кај граѓаните, така и ќе ја зајакнеме администрацијата за подобро функционирање во општината“, изјави Герасимовски денеска.

Општина Центар, изјави тој нема да стане ново бетонско градилиште туку зелена општина со хумана урбанизација. Градежната офанзива која се спроведува во општина Центар треба и мора да се регулира и затоа неопходно е зајакнување на системите и почитување на законите смета Герасимовски. Тој вели дека нема да отстапи од намерата во општина Центар да се почитува обврската 20% зеленило во градежна парцела и обезбедување задолжителни паркинг места за станарите. Според Герасимовски тоа е единствениот начин да се воведе ред во градењето и во спроведувањето хумана урбанизација.

Герасимовски потенцираше и дека особено важна е соработката на инспекциските служби на централно и локално ниво за беспрекорна функционалност во инспекторските надзори на целата територија на општина Центар и градот.

„Во иднина најавувам дека оваа служба ќе има брзи реакции како со нелегалната градба на Водно која веднаш беше сопрена. Тоа е вистински пример како треба да постапува една општинска служба која констатира прекршување на законот за градба“, рече Герасимовски.

Само преку доследно спроведување на законите и преку зачестени инспекциски контроли Општина Центар ќе стане зелена општина и јас силно ќе работам за тоа, заврши Герасимовски.

Треба да знаете
Последни објави