Search

Герасимовски:Сега е време да се обединиме околу една заедничка цел – нашата општина да продолжи напред

Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата им порача на граѓаните дека општина Центар е срцето на градот и лулка на демократијата во нашата земја, а неговите сограѓани центарци секогаш избираат одговорна, транспарентна и демократска власт која ќе работи само во нивни интерес.

„Граѓаните во мојата општина покажаа заби и први му се спротиставија на ВМРО-ДПМНЕ кое преку насилство, поткуп и влечење луѓе за уши сакаше да го поништи нивниот избор во 2013 година. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ многу се лажат ако мислат дека центарци го заборавиле нивното уништување и дивеење во општината. Селажат дека е заборавен криминалот тежок една милијарда евра кој го правеа преку грбот на граѓаните уништувајќи им ги населбите, маалата и Водно. Центарци не заборавија како ВМРО-ДПМНЕ менува ДУП-ови во три часот наутро“, порачаГерасимовски во денешното видео на социјалните мрежи.

Тој истакна дека чесно, отчетно и транспарентно работење е негова одлика и затоа како и ден градоначалник нема да отстапи ниту една педа од интересот на граѓаните во општина Центар.

„Во мене ќе имате партнер за заедничко решавање на сите проблеми во општината. Центар секогаш бира демократска и одговорна власт и верувам дека тоа и на овие избори ќе го потврдиме. Центар не смее да се враќа назад и сигурен сум дека тоа нема да го дозволите. Изборот е јасен. Бираме дали сакаме власт која слуша и одговорно владее или пак власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ која докажано работеше и ќе работи спротивно интересите на нас центарци“, изјавиГерасимовски.

Тој ги повика граѓаните но и оние кои гласаа за другите кандидати обединети да излезат на гласање во вториот круг затоа што верува дека сите се борат за иста цел, а тоа е Центар да го води способна, демократска и одговорна власт, изјави Герасимовски притоа истакнувајќи дека од гласот на народот зависи во каква општина ќе продолжат да живеат.

„Сега е време да се обединиме околу една заедничка цел – нашата општина да продолжи напред!“, порача Герасимовски.

Треба да знаете
Последни објави