Search

Георгиески:Градиме нови пречистителни станици, грижата за Охридското Езеро на највисоко ниво!

Локалната и централната власт предводена од СДСМ покажа вистинска грижа и презеде конкретни чекори за заштита на Охридското Езеро. Имавме подготвеност и решителност за решавање на сложени проблеми кои децении наназад беа игнорирани.

Согласно препораките наУНЕСКО, беше формираноновојавнопретпријатие „Колекторскисистем“ во кое Владата инвестираше 256 милиони денари за санација на најкритичните делови на колекторската линија. Локалната самоуправа беше вклучена во постапката за поделбана МЈП „Проаква“, соштосерешијадолгогодишнитепроблемисонатрупанитемилионски долгови, кои исто така беа сервисирани со поддршка на Владата.

Изготвена е Студијата за валоризација на Охридското Езеро, со која сеобврзавме за директно учество во заштитата на биолошката разновидност. Оваа студија ќе обезбеди висок степен на заштита на исклучителната универзална вредност на регионот. 

Остануваме максимално посветени на заштитата на езерската вода и креираме нови проекти за подобрување на целокупната инфраструктура за заштита на животната средина.Предвидуваме изградба на пречистителни станици во селата Трпејца, Љубаништа, Косел, Лакочереј и Орман, со што ќе се надминат проблемите со отпадните води.

Исто така, остануваме посветени на новиот концепт за уредување на крајбрежјето кој ќе биде во согласнот со Планот за управување со светското природно и културно наследство и со сите еколошки стандарди за заштитаОхридското Езеро.

Во текот на изминатите 4 години во Охрид е инвестирано како никогаш до сега. Носиме нови проекти за подобри услови заживототнасите наши граѓани. Силната динамиката не смее да запре во ниту еден момент.

Имаме јасна визија за развој во сите сфери на општественото живеење, затоа на 31-ви октомври заокружете го бројот 12 и изберете го најдоброто за нашиот град. На 31-ви октомври заедно да продолжиме напред и да донесеме уште една голема победа во Охрид.

Со почит

Константин Георгиески, кандидат за градоначалник од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“

 

Треба да знаете
Последни објави