Search

Георгиевски: Со проширувањето на градинката Калинка во Железара, обезбедивме нови 70 места

Општина Гази Баба 2 години оди кон подобро, две години обезбедуваме подобри услови за најмладите. Градинките добиваат нов лик и зголемен капацитет за сместување на нови деца. Со тоа, родителите во општина Гази Баба повеќе нема да чекаат со месеци за да ги запишат своите деца во градинка.

Среќен сум што градинката “Калинка” во Железара е само една од оние со кои преку доградба и проширување на објектот го започнавме процесот на зголемување на капацитетот во згрижувачките установи.

Градинката е целосно реконструирана и проширена за дополнителни 3 занимални,од кои една е јасли група. Со ова се отворија нови 70 слободни места. Просториите се целосно уредени и опремени и ги задоволуваат сите потреби на децата и персоналот кој што работи со нив.

Овој проект го реализиравме со Министерството за труд и социјална политика кои ги извршија градежните активности и целосното го опремија објектот, а од наша страна како општина променет е кровот и извршивме целосно внатрешно уредување.

Оваа градинка ќе работи во две смени, за децата да бидат на сигурно додека нивните родители ги извршуваат работните обврски.

Паралелно со “Калинка”, ја проширивме и градинката “Морковче” во Јурумлери, каде се отворија нови 70 места, а во тек е и изградбата на градинката во Стајковци.

Овие градинки заедно отвораат дополнително над 250 места за децата, со што за 2 години успеавме драстично да го намалиме бројот на деца кои се на листите на чекање.

Со исто темпо продолжуваме и идните 2 години. Ќе бидат изградени 4 детски градинки и тоа во Трубарево, Ќерамидница, Инџиково и Синѓелиќ.

Треба да знаете
Последни објави