Search

Георгиевски: Доаѓа година исполнета со многу инвестиции

Ја оставаме 2018 година зад нас, година исполнета со многу активности и динамика кои овозможија да реализираме 250 проекти. Гази Баба станува модерна и отворена општина, во служба на граѓаните.

Им благодарам на сите, а најмногу на жителите на општина Гази Баба, кои ме поддржаа изминатата година и ми помогнаа да ги реализирам проектите, кои се од големо значење за нив.

Годината која ни доаѓа, ќе биде уште по енергична, исполнета со многу инвестиции. Нови градинки, училишта, спортски сали, улици, булевари, пешачки патеки, како и водоводна и канализациона мрежа, се само дел од капиталните проекти за 2019-та. Со новата година, започнуваме и нови вложувања во подобрување на условите во училиштата и градинките, а општината целосно ќе го преземе и трошокот за обезбедувањето на училиштата. Се грижиме за животната средина, со садење на нови дрвја и подигнување на нови паркови, а започнуваме и повеќе проекти за енергетска ефикасност и гасификација.

Ви посакувам новата 2019 година на вас и на вашите блиски да ви донесе мир, хармонија, многу љубов, а среќата и радоста да ве пратат создавајќи година вредна за паметење.

Не чека убава година, следете ме за заедно да ги реализираме сите проекти кои значат подобри услови за сите жители на нашата општина.

Среќна нова година и честит Божиќ.

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
Одделение за односи со јавност

Треба да знаете
Последни објави