Search

Генерал убиен при обид за воен удар во Етиопија

Началникот на штабот на армијата на Етиопија, генерал Сиар Меконон и неговиот советник Гизе Абера се убиени при вчерашниот обид за воен удар во сојузната држава Амахара, изјави етиопискиот премиер Абиј Ахмед.

Државната телевизија на Етиопија објави дека зад обидот за пуч стои генералот Асамнев Циге.

Според премиерот Ахмед, претставниците на регионалната Влада биле на состанок кога се случил обидот за воен удар.

– Неколку луѓе се убиени, додека други се повредени, истакна Ахмед, додавајќи оти Меконон е „убиен од негови блиски луѓе”.

Амахара е една од деветте регионални држави во Етиопија.

Треба да знаете
Последни објави