Search

Генерално чистење на сите скопски оптшини

По повод Светскиот ден на чистењето  –   World cleanup day, ЈП „Комунална хигиена”- Скопје денеска започна повеќедневна акција за генерално чистење на сите скопски општини. Во текот на акцијата ќе биде извршено рачно и машинско миење на главните, но и на сервисните улици во градот, а воедно ќе бидат поставени специјални садови во коишто, во периодот 21.09.2019-24.09.2019, граѓаните ќе можат да го одлагаат кабастиот отпад – стариот мебел и отпадот од електронската и електричната опрема. Во рамките на акцијата ќе бидат отстранети и графитите со навредлива содржина, коишто промовираат говор на омраза, верска и етничка нетрпеливост.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена” –Скопје, Абдусамед Шабани, градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на о.Центар, Саша Богдановиќ, денеска го означија почетокот на акцијата.

„Во оваа прилика би сакал уште еднаш да апелирам за подигнување на јавната свест кај граѓаните на градот Скопје за правилното одлагање на отпадот, затоа што како Претпријатие секојдневно се соочуваме со создавање диви депонии од градежен и кабаст отпад што директно ја загадуваат нашата животна околина, а се резултат токму на несовесното однесување и постапување со отпадот. Во таа насока, нашата Еко-патрола од почетокот на годинава досега им врачи повеќе од 1000 записници на оние граѓани коишто на терен се затекнати дека го прекршуваат Законот за јавна чистота.” – изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена” –Скопје, Абдусамед Шабани.

Треба да знаете
Последни објави