Search

Генерално чистење на Кисела Вода

Во рамките на есенските акции во скопските општини, ЈП „Комунална хигиена” –Скопје денеска започна генерално чистење на општината Кисела Вода. Со 30 работници на терен, три автоцистерни и две специјални комунални возила-метларки се врши рачно и машинско миење и метење на главните и на општинските улици, додека екипите на Претпријатието ги отстрануваат и дивите депонии во оваа скопска општина.

Во рамките на акцијата беа спроведени и активности за чистење на дворовите на градинките, средните и основните училишта, додека за учениците од ООУ „Кирил Пејчиновиќ” беше организирано еко-предавање за правилно постапување со отпадот. Почетокот на акцијата го означија градоначалникот на општината, Филип Темелковски, претседателката на Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена”, Маја Шајновска Андова, како и раководителот на Секторот за ИТ, квалитет и развој, Славко Ружиновски.

Треба да знаете
Последни објави