Search

Генерален штрајк во Бразил поради пензиски реформи

Во Бразил денеска почна генерален штрајк на работничките синдикати, кои се против реформа во пензискиот систем за која моментно се дискутира во Конгресот.

Бразилската Влада планира да ја зголеми старосната граница за заминување во пензија на 65 години за мажи и 62 години за жени, како и да ги зголеми придонесите за работниците.

Штрајкот веројатно ќе ги блокира сите градови ширум Бразил.

Полицијата во Рио де Женеиро употреби солзавец врз демонстрантите кои се обиделе да ја блокираат главната улица, а во Сао Паоло учесниците во протсетот палеле гуми на главниот булевар.

Засега нема информации за евентуално повредени лица.

Генералниот штрајк е прв од ваков вид откако стапи на должност претседателот Жаир Болсонаро во јануари оваа година.

Треба да знаете
Последни објави