Search

Гедбан и Дибиров меѓу најдобрите во колото од ЛШ

Вардаровите ракометари, голманот Калифа Гедбан и крилниот играч Тимур Дибиров се најдоа  меѓу најуспешните во 7. коло во Лигата на шампионите. Голманот Гедбан против Кјелце ја имаше можеби и најдобрата партија во вардаровиот дрес. Важи за еден од најзаслужните што Вардар остана непоразен пред своите гледачи (28:28). Одбрани вкупно 12 удари меѓу кои и последниот напад на гостите од Полска за да постигнат гол за триумф. Една од неговите одбрани се најде на петтото место во изборот на најдобрите голмански интервенции во колото во Лигата на шампионите.

Тимур Дибиров го има четвртиот најдобар постигнат гол во ова колото.
Треба да знаете
Последни објави