Search

ГДУ предлага нов модел на фискална децентрализација

За да имаме правичен европски развој и издржан регионален развој, а сите финансии и парите од даноците да не завршуваат само во Скопје и тоа во инвестирање во канделабри, стиропори и бронзени скулптури, Граѓанско демократската унија (ГДУ) предлага нов модел на фискална децентрализација, посочи на денешната прес-конференција во Штип лидерот, Петар Колев.

Забележа дека моделот кои тие го предлагаат како партија функционира во развиените западно европски земји.

-Фискалната децентрализација значи дека дел од локалните буџети во општините ќе бидат формирани на база на платените даноци на граѓаните од соодветните општини. Затоа ГДУ едниот столб од општинските буџети предлага да биде формиран на база на 50 отсто од персоналниот данок на граѓаните, кој ќе биде платен во соодветните општини. Педест проценти ќе остане во општинскиот буџет, а 50  отсто да оди во централниот буџет, за прва етапа од фискалната децентрализација, вели Колев.

Додека втората етапа од фискалната децентрализација предлагаат една третина од данокот од правните субјекти, кој ќе биде плаќан во општините да завршува во општинските буџети. Колев забележа дека не е нормално да се живее во држава, каде што цели региони да не плаќаат даноци, а истовремено со тоа да добиваат и инвестиции во инфраструктура, образованието и здравството.

-Заборавениот исток е нај оштетен од овие пракси на буџетната и фискалната политика во државата, затоа ние од Граѓанско демокртаската унија апелираме за фискална децентрализација и се залагаме за фискална децентрализација, вели Колев.

Потенцира дека на тој начин граѓаните и фирмите кои плаќаат даноци за возрврат ќе добијат инфраструктура и развој, какошто заслужуваат.

Треба да знаете
Последни објави