Search

ГДУ: После дожд, охридските улици се како по елементарна непогода

Во Охрид после дожд, улиците се како да имало елементарна непогода, обвинуваат од партијата Граѓанско Демократска Унија (ГДУ).

„Сликата е хаотична, фекалии на сите страни и на крај, најголемиот дел од нив завршуваат во езерото. Фекалната канализација е голем проблем кој се влече со години и постојано се даваат солуции (за време на избори), а реалноста е дека нема никаква промена, дури и се даваат заклучоци дека нема излез“, се наведува во партиското соопштение.

Во него исто така се бара општинските власти да одговорат зошто барале гласови од граѓаните доколку немаат решение за проблемите.

„Живот дојде само за партиските војници кои се ‘насадени’ насекаде“, велат од ГДУ.

„Проблемот со фекалната канализација останува, со кучињата скитници останува, проблемот со депонијата останува, всушност само ДПМНЕ замина, а СДСМ дојде и како и во минатото така и сега, се случи само мала промена на фотелјите“, истакнуваат од оваа партија од каде додаваат дека изборните програми веќе нема ни потреба да се менуваат зошто најголемите партии имаат исти ветувања повеќе од 20 години.

Треба да знаете
Последни објави