Search

ГДУ на Самитот на АКРЕ во Бугарија

Над сто истакнати европски конзервативци, бугарски министри, признати експерти во областа на безбедноста, одбраната и економијата се собраа на Самитот за слободата на Алијансата на конзервативците и реформаторите – АКРЕ, која за прв пат се одржува во Бугарија.

Меѓу учесниците во настанот беа претседателот на АКРЕ, Јан Захрадил, од „Граѓанско Демократска Партија“ на Чешка, кој во моментов е водечки кандидат на Европските конзервативци за претседател на Европската комисија и извршниот директор на АКРЕ, Ричард Милсам. Специјални гости на конгресот беа и претставници на конзервативни партии и организации од над 15 држави, вклучувајќи ги Велика Британија, Белгија, Шведска, Шпанија, Албанија, Израел, Македонија, Романија и други.

Од Македонија учесници беа потпретседателот на ГДУ, Александар Попоски и членовите на Управувачкиот комитет на Граѓанско Демократска Унија, Јована Спасевска, Добре Митрев, Александар Тодоровски, и претставници на Тhink-Тank институтот Conservative.mk.

„Постојат три главни работи кои се однесуваат на евроинтеграциите – економијата, безбедноста и институциите”, изјави претседателот на АКРЕ, Јан Захрадил.

Претседателот беше категоричен дека единствениот пазар е срцето на ЕУ, но европските институции треба да бидат зависни од волјата на одделните држави, а не да си создадат свој вакум на моќ.

Според него, воениот аспект на безбедноста мора да остане во рамките на НАТО и ЕУ, да работат заедно и да ги надополнуваат нивните напори.

Во однос на миграцијата, Захрадил смета дека секоја земја членка треба сама да ги постави своите процедури и правила кои се однесуваат на азил.

„Во Европскиот парламент треба да биде создадено ново мнозинство, кое ќе работи за децентрализација на ЕУ и промена на насоката во која се движи во моментов, а конзервативците во Европа можат да одиграат клучна улога за тоа”, изјави претседателот на АКРЕ.

Треба да знаете
Последни објави