Search

ГДУ: Без промена на изборниот модел, лидерската средба е беспредметна

Пред утрешната лидерска средба сакаме да предупредиме дека неопходна е промена на изборниот модел и доколку оваа точка не биде прва за која лидерите ќе разговараат, лидерската средба би била беспредметна, велат од партијата Граѓанско-демократска унија.

„Промената на изборниот модел е предуслов за демократија. Но властите поради криминалите заборавија на ветувањата дадени пред избори во насока на демократизација и развој на парламентарната демократија“, се наведува во партиското соопштение.

Според ГДУ, Собранието е претворено во гласачка машина и наместо да ја контролира Владата,  се случува обратно – Владата го контролира Собранието.

„Без разлика дали изборите ќе бидат во септември, октомври или март, неопходна е промена на изборниот модел, во спротивно ништо нема да се промени. Само ќе се заменат ликовите во фотелјите, а криминалот и непотизмот ќе продолжат да цветаат“, стои во соопштението во кое се додава дека ГДУ како политичка партија жестоко ќе се бори за промена на изборниот модел.

Треба да знаете
Последни објави