Search

Гвинет Палтроу претстави нов вибратор во морнарски стил

Гвинет Палтроу го привлече вниманието како актерка, но тоа ѝ успева и како претприемач. Нејзината лајфстајл-компанија Goop често предизвикува интерес кај јавноста поради интересните совети за велнес и животен стил, а понекогаш и крајно невообичаени производи.

Таа изненади многумина со презентацијата на нов вибратор во морнарски стил, кој гарантира полесен и многу повозбудлив начин да се стигне до целта.

Новата секс-играчка што ја лансира компанијата на Гвинет Палтроу им ветува на жените лесен пат до задоволство до кое може да отпловат со наутичка тематика. Имено, компанијата во голем стил го претстави новиот вибратор специјално дизајниран да ја стимулира Г-точката и да го зголеми задоволството.

На една фотографија може да се види монтажа, на која предимензиониран вибратор се потпира на ограда на брод, а доаѓа во бела и темносина боја со златен детаљ.

Ваквото претставување на новиот вибратор на инстаграм-профилот на познатата актерка поттикна дискусија, а многу жени следачи ја прифатија играта и продолжија да се шегуваат на сметка на ова помагало.

Некои истакнаа дека играчката личи на анимираниот лик Марџ Симпсон, други ја поврзуваа со филмот „Титаник“, а некои коментираа дека ги потсетува на бумеранг. Имаше и такви што напишаа дека му се восхитуваат на „капетанот“ на бродот.

Треба да знаете
Последни објави