Search

Гвинет Палтроу на луксузен одмор со сопругот

Актерката Гвинет Палтроу и сопругот Бред Фалчук накратко го напуштија својот дом во Лос Анџелес и отпатуваа на одмор на едно живописно место во сојузната држава Њујорк.

А во средата, таа не издржа да не го покаже прекрасниот поглед на езерото Саранац

48-годишната ѕвезда сподели фотографија на својот „Инстаграм стори“ на која се гледа како седи на масата со својот појадок сервиран на платформа над водата, на работ на езерото, со поглед што го одзема здивот.

Пред масата се протега езеро и недопрена шума, а небото е медитативно и облачно.

Гвинет ја означи фотографијата, откривајќи дека престојува во луксузниот хотел The Point, кој се простира на површина од 75 хектари покрај езерото.

„Поинт“ е еден од ресортите кој таа го препорачува на својата велнес веб-страница „Гоп“, па затоа беше логичен избор парот да дојде тука откако ќе го прослави нејзиниот 48-ми роденден.

Треба да знаете
Последни објави