Search

Гвинет Палтроу: Мојот сопруг немаше чувство за вкус и мирис девет месеци по заразата со Ковид-19

Гвинет Палтроу вели дека сопругот Бред Фалчук немал чувство за вкус и мирис девет месеци откако се заразил со Ковид-19.

Коосновачката на „Гуп“ и нејзиниот сопруг долго време се бореле со последиците од коронавирусот. Тие со месеци чувствувале некои од симптомите на вирусот иако инфекцијата поминала.

50-годишниот сопруг, ТВ-писател, го имал вообичаениот симптом – нарушување на осетот за мирис и вкус – речиси една година, додека таа сè уште чувствува екстремен замор.

„Тој всушност го доби назад својот вкус и мирис дури во јануари, девет месеци откако ги изгуби,“ Гвинет рече во инервју за „Пипл“.

Губењето на чувството за мирис и вкус, познато како аносмија, кај некои луѓе заразени од Ковид-19 е еден од најчестите симптоми, но некои студии откриваат дека тие симптоми не секогаш се губат по закрепнувањето.

Според најнова студија, речиси 90 % од луѓето што го изгубиле осетот за мирис и вкус како последица на коронавирусот целосно или барем делумно им се вратиле по еден месец, но 10 % од нив никогаш не го добиле назад.

Треба да знаете
Последни објави