Search

Гвинет Палтроу и Бред Фалчук сè уште се во фаза на меден месец…три години откако го врзаа јазолот

Дури и по три години брак и глобална пандемија, Гвинет Палтроу и нејзиниот сопруг Бред Фалчук и понатаму се чувствуваат дека се во фаза на меден месец.

Двојката, која се венчаше во дворот на својот дом во Ист Хемптон, започна врска само неколку месеци откако Гвинет се разведе од Крис Мартин во 2014 година по десет години брак.

„Навистина сум среќна што се омажив за Бред. Успеавме да продолжиме понатаму по сите работи што сме ги поминале во животот, и да создадеме нешто неверојатно “, рече таа за „Пипл“.

„Благодарна сум за нашата хемија. Тоа може да ви помогне да поминете низ тешки ситуации.“

„Многу е важно да се биде искрен“, додаде основачката на „Гуп“. „Ако се обидуваш да задоволиш некого или да бидеш некој што не си, се лажеш себеси.“

Зборувајќи за минатите врски, таа призна дека не била усогласена со себе и со партнерот, што не било позитивно за неа.

Треба да знаете
Последни објави