Search

Гвардиола: Јас знам колку напорно работиме, никој не ни помогнал

Тренерот на актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер сити, Пеп Гвардиола пред  мечот од 27. коло со Лестер одговараше на новинарски прашање. На конференцијата главна тема беше казната која „граѓаните“ ја добија од УЕФА.

-Не можеме да го промениме она што луѓето го мислат. Јас знам колку напорно работиме и тренираме. Горд сум на се што успеавме да направиме во претходните години. Никој од надвор не ни помогна. Ова не е завршено, ќе се жалиме како клуб и ќе видиме што ќе се случи, изјави меѓу другото Гвардиола.

Треба да знаете
Последни објави