Search

Гвардиола: Стерлинг не може да се споредува со Роналдо и Меси (видео)

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола призна дека големата sвезда на „Етихад”, Рахим Стерлинг, не може да се спореди со петкратните добитници на „Златната топка”, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

– Јас сум презадоволен од играта што ја покажува Стерлинг во Манчестер Сити и во англиската репрезентација. Се надевам дека тој не ги чита и слуша таквите работи, рече Гвардиола за споредбата помеѓу Стерлинг и двете суперsвезди.

На прашањето зошто смета дека ваквите споредби можат да имаат негативен ефект врз Стерлинг, Гвардиола одговори: „Бидејќи никој не може да се споредува со Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Никој”.

Треба да знаете
Последни објави