Search

Гвардиола смета дека освојување на ФА Купот ќе биде поттик за Сити во Лигата на шампионите

Тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола смета дека евентуалното освојување на трофејот во ФА Купот ќе биде одличен поттик за неговиот тим во Лигата на шампиони. Граѓаните ќе се сретнат со Реал Мадрид во четвртфиналето од елитното натпреварување.

– Имаме средба со Арсенал во полуфиналето на ФА Купот. Имаме шанси да стигнеме до финалето на турнирот. ФА Купот е неверојатен трофеј што ќе ни даде дополнителен бонус. Имавме разговор по она што се случи во Премиер лигата, потребни ни се само уште две победи за да се пласираме во ЛШ, изјави Гвардиола.

Шпанецот смета дека „граѓаните” можат да освојат уште два турнира.

– Би било убаво да се дојде до вториот натпревар со Реал Мадрид кој е во одлична форма. Победата на ФА Купот ќе биде најдобрата подготовка за оваа битка, нагласи Гвардиола.

Треба да знаете
Последни објави