Search

Гвардиола негираше саботажа на „Ливерпул“ во големото дерби

Менаџерот на „Манчестер Сити“, Пеп Гвардиола се насмеа на претпоставките на некои новинари дека го саботирал „Ливерпул“ во големото дерби од 3 јануари.

„Граѓаните” ја вратија со полна сила неизвесноста во првенството, откако ги победија „црвените” со 2:1 и го намалија заостанувањето до тимот на Јирген Клоп до само 4 поени.

Меѓу навивачите на „Ливерпул“ се појави и теорија на заговор, според која Гвардиола им дал насоки на луѓето, кои се одговорни за одржување на „Етихад”, да ја остават тревата да порасне подолга. Како мерка, ова требало негативно да влијае на стилот на „црвените”, кои сакаат брзи комбинации.

-Јас не сум одговорен за одржувањето на тревата. Никогаш не сум бил. Ако сакаат да играат брзо, ние сакаме да играме уште побрзо. Ние секогаш се обидуваме да го наводнуваме теренот, но тука не е многу потребно поради времето. Секогаш сме сакале тревата да биде кратка, за условите да се подеднакво добри и за двата тима. Треба да ги почитуваме правилата. Никогаш не зборувам со домаќините. Имам многу други проблеми, на кои треба да размислувам. Имам целосна доверба во нив. Никогаш не сум се јавил со порака „направи го тоа, направи го она”, за да наштетиме на нашите противници, изјави со насмевка Гвардиола.

Треба да знаете
Последни објави