Search

Гвардиола на крајот од сезоната може да си замине од Манчестер сити

Трофејниот шпански фудбалски стручњак Пеп Гвардиола, кој сега го предводи актуелниот  англиски шампион Манчестер сити, на крајот од сезоната може да си замине од „Етихад“ иако има догвор до 2021 година. Ваков расплет во редовите на „граѓаните“ најавуваат англиските медиуми, повикувајќи се клаузула од договорот која ја имаат шпанскиот тренер Манчестер сити. „Дејли Мејл“ открива дека во договорот има посебна клаузула која може да ја активира тренерот и нема пари со кои клубот би можел да го задржи до крајот да си ја одработи обврската на која се обврзал по пристигнувањето на Островот од редовите на германскиот Баерн Минхен во 2016 година.

Медиумите неможат да откријата за колкава сума на пари се работи ако Гвардиола ја активира клаузулата. Но, она од што стравуваат на „Етихад“ е каков е мотивот кај Гвардиола да остане до крајот на договорот, бидејќи ако дојде до тоа првпат би имал толку долг претстој во еден клуб. Сопствениците кај Гвардиола веќе приметуваат дека сака промена, па затоа може да се одлучи на крајот од сезоната да си замине. Манчестер сити  во одбраната на титулата веќе сериозно  заостанува во Премиерлигата зад лидерот Ливерпул.

Гвардиола ја почна трофејната тренерска кариера во Барселона, каде во четири години освои три шампионски титули и два трофеи во ЛШ. Тој е најтрофеен тренер на Каталонците со освоени 14 пехари. По кусата пауза која си ја даде замина во Баерн Минхен, со кого освои три шампионски круни во Бундеслигата, а со Манчестер сити две години е првак во Премиерлигата.

Треба да знаете
Последни објави