Search

Гвардиола: Манчестер сити обезбеди учество во ЛШ на теренот, се надевам дека УЕФА ќе ни дозволи да играме

Тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардилола ги сподели своите впечатоци по убедливата победа над Брајтон (5:0) на натпреварот од 35. коло од Премиер лигата.

– Задоволен сум од резултатот и од нашата игра. Подготвени сме за завршните  натпревари во Премиер лигата и Лигата на шампионите. Создаваме многу шанси.
Освоивме билет за Лигата на шампионите и ја завршивме првата наша задача. Овие играчи го прават ова веќе 6-7 години по ред. Тоа го постигнавме на теренот, и се надевам дека утре УЕФА ќе донесе одлука да играме и следната сезона во елитното натпреварување. Фудбалерите го заслужуваат тоа, изјави Гвардиола.

Сити заработи двегодишна суспензија од УЕФА од сите европски натпреварувања поради прекршување на финансискиот фер-плеј, а утре треба да се донесе конечна одлука по жалбата на премиерлигашот.

Треба да знаете
Последни објави