Search

Гвардиола го одработи 600. натпревар во тренерската кариера против Аталанта

Дуелот од фудбалската Лига на шампионите против Аталанта одигран синоќа во Милано, за тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола беше 600-ти во неговата кариера.
На клупата на Манчестер сити, Гвардиола помина 192 натпревари. Најмногу натпревари на тренерската функција има поминато во Барселона – 247 натпревари. Во Баерн беше 161 натпревар.
Четириесет и осумгодишниот шпански фудбалски стручњак во Манчестер сити е од летото 2016 година. Под негово водство „граѓаните” двапати ја освоија Премиер лигата.

Треба да знаете
Последни објави