Search

Гвардиола го гледа Тотенхем како кандидат за шампионската титула во Англија

Пресметката од 9. коло во англиската фудбалска Премиер лига кој денеска од 18.30 часот ќе ја имаат Тотенхем и Манчестер сити, го привлекува вниманието со она што ќе се случува на теренот, но и на клупите каде седат трфејните стратези Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола.

Португалецот Мурињо и Шпанецот Гвардиола се лути ривали и добро се познаваат. Без разлика на несогласувањата во минатото тие секогаш еден за друг заборуваат со почит, а уште еден доказ за тоа е изјавата на Пеп пред дуелот во Лондон, дека овој  состав на Тотенхем под водство на Мурињо е кандидат за шампионскиот пехар во англиското првенство.

-Заврши добра работа како што секогаш тоа го прави во сите клубови. Бројките зборуваат сами за себе. Во последната минута испуштија поени против Вест Хем и Њукасл-замислете тоа да не го направија. Тие се кандидати за титулата. Поседуваат квалитет. Се квалификуваа во Лигата на шампионите четири или пет години и стигнаа до финалето. Тие се добар тим од моментот кога ги водеше Покетино. Тоа е фантастичен состав – вели Гвардиола.

Тотенхем со 17 бода е на 2 место, додека Сити со 12 поени е на 10 позиција на табелата.

Треба да знаете
Последни објави