Search

Гвардиола во 2021 година заминува од „Итихад“, ќе го замени Артета

Пеп Гвардиола одби да преговара за нов договор со Манчестер сити, па речиси е јасно дека во 2021 година ќе го напушти актуелниот англиски шампион.

Засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата Гвардиола, а многу медиуми шпекулираат дека тренерот ќе земе едногодишен одмор.

„Граѓаните“ не седат мирно, па веќе ја подготвиле замената за Гвардиола, а наводно стсанува збор за помошникот Микел Артета.

Артета имаше претходно понуда од Њукасл, која била примамлива, но 37-годишниот Шпанец останал во Сити, зашто наводно имал ветување дека ќе го преземе тимот по заминување на Гвардиола.

Треба да знаете
Последни објави