Search

Гаши во Приштина: Поддршка за заштита на суверенитетот на Косово

Претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, кој се наоѓа во Приштина, денеска оствари средба со претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели.

Средбата, како што велат од партијата, била во духот за соработка со целиот албански политички спектар во земјата и регионот.

На настанот станало збор за најновите политички настани, особено за оние што се однесуваат на процесот на преговорите Косово-Србија. Говорејќи на оваа тема, претседателот Африм Гаши ја изразил својата поддршка и на партијата Алтернатива за заштита на државниот суверенитет на Република Косово.

Од друга страна, претседателот на ДПК, Кадри Весели, му се заблагодарил на Гаши за оваа средба и за оваа поддршка, изразувајќи ја неговата подготвеност оваа комуникација и соработка да се негува и да се продлабочува и во иднина, информираат од политичката партија од албанскиот блок.

Треба да знаете
Последни објави