Search

Гачевски: Не сакам да бидам запаметен како добар или лош голман, туку како добар човек

Неизвесноста каква ќе биде судбината на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар е причина поради која играчите се во потрага по нови средини. Еден од нив кој најви разделба со „црвено-црните“ по пет поминати сезони е голманот и капитен Филип Гачевски. Искусниот чувар на мрежата на социјалните мрежи ја потврди разделбата.

-За жал дојде и тој момент. После пет години, денес се збогувам со вас и фановите, бидејќи заминувам од Вардар – клубот со кој ги доживеав најубавите моменти, три титули и историски пласман во групната фаза на Лига Европа. Благодарам на соиграчите и на луѓето со кои работев секој ден сите овие години. Научив многу од сите тренери, а најмногу од Саша Илиќ, Александар Васоски и Гоце Седлоски. Им благодарам на фановите за постојаната поддршка, им благодарам на „Комити“ за тоа што беа со мене во убавите, но и тешките моменти. Клубот не ме научи само како да бидам спортист, туку ме изгради и како личност. Не сакам да бидам запаметен како добар или лош голман, туку како добар човек. Ви благодарам и секаде каде ќе одам ќе извикувам ,,Вардар во срце те носам”!!! Еден живот – една љубов“, напиша Гачевски.

Гачевски во Вардар пристигна во 2015 година од штипска Брегалница, а за неговите услуги интерес има од екипи од Турција.

Треба да знаете
Последни објави